Чекор повисоко
» Четвртата генерација на Golf претставена 1997 година донесе нова формула со која Volkswagen требаше да се искачи чекор повисоко кон во премиум сегментот оставајќи им повеќе пазарен простор на Škoda и Seat. Новиот Golf развиван во согласност со тоа донесе полуксузен ентериер скоро во ранг на Audi A3, но и бројни технички иновации, што секако му ја зголемија цената. Иако на прв поглед ги задржа дизајнерските линии од претходната генерација, тој сепак го дефинираше стилот кој VW ќе го негува во иднината.
Од моторната понуда значајно е да се издвои појавувањето на 1.6 FSi бензинскиот мотор со директно вбризгување на горивото и моќниот 3,2 литарски VR6 за R верзијата кој испалуваше 241 коњска сила. Дизелите продолжија да бидат движечка енергија на продажбата која се искачи на 5 милиони. Во Европа се произведуваше до 2003-тата (караванот до 2006-та), во Кина до 2008-мата а во Бразил до 2013-тата.