Tags: , ,
BYD Seagull – кинеска рЕВолуција

300 километри автономија за 10.000 евра

» Галебите се едни од најраспространетите птици во светот – дали исто така ќе биде и кинескиот електричен автомобил кој го носи тоа име? Судејќи според сé, има големи шанси да го стори тоа. Најмногу заради цената – BYD Seagull чини само 10.000 евра, заради што уште првиот ден кога беше преставен нарачка за него направија исто толку купувачи. Со должината од 3,78 метри спаѓа во Б-сегментот и е базиран на новата платформа на кинеската компанија која е еден од најголемите производители на електрични возила во светот. Има мал електромотор од 75 KS и два пакета батерии, за 300 односно 400 километри автономија, кои за половина час ќе се освежат до 80 отсто од капацитетот. Дизајнот му е модерен а внатрешноста изненадувачки добро уредена. Сé на сé, подготвен е да завладее со кинескиот пазар на електрични автомобили и тоа за шест месеци, за колку аналитичарите му предвидуваат дека ќе стане бестселер на пазарот. Останува нејасно дали BYD ќе го понуди Seagull и на други пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *