Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>4 ноември 2015 година

Genesis стана самостојна марка (видео)

» Идејата за креирање на луксузна гама возила кај Hyundai се јави во 2004 година, но тогаш преовлада мислењето таа да не се издвојува како засебна марка туку да се најде на врвот на понудата под ознаките на матичната компанија. Така, првиот модел замислен како прогресивна интерпретација на модерен спортски седан со погон на задните тркала беше претставен на салонот на автомобилите во Детроит 2008 година како Hyundai Genesis. Брзо после него следеше и Genesis Coupe и сé до одвојувањето на Genesis како посебна марка во 2015-тата тие останаа единствени модели во понудата. Тогаш седанот беше преименуван во G80, купето не доби наследник а на гамата како G90 ѝ беше придружен луксузниот Equus. Првиот нов модел претставен под ознаките на новата марка беше помалиот седан G70 покажан во 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *