Tags: ,
Нова генерација на DAF камиони на повидок

Нови гени и за DAF CF

» Откако ја претстави новата генерација на своите тешки камиони, холандскиот DAF како малку да забави. Но сето тоа беше само навидум, бидејќи работеше на наследникот на својот средно-тежок камион наменет најмногу за локална и регионална дистрибуција. Го познаваме под ознаката CF, која може и нема да ја задржи. Она што ќе го задржи сигурно е флексибилноста да се прилагоди на секоја потреба – како обичен камион за превоз на товар, кипер, возило за собирање ѓубре или било каква модификација, кому што му треба, за што придонесуваат разновидните шасии. Засега за него не се знае многу – јасно е дека ќе биде унифициран што е можно повеќе со гордоста на фабриката, XF серијата, која се појави на европските пазари во годината што е зад нас. Ќе има нова кабина со целосно реорганизиран ентериер, како и бројни системи за возачка асистенција. Механиката која се покажа одлично во сите услови на експлоатација, дури и на долги меѓународни рути иако за тоа не е наменет, во голем дел ќе биде задржана. Исто и малку покомпактните димензии што му даваат предност на тесните европски регионални и локални патишта или пак на потешко пристапни локации, како што се каменоломите, а не треба да се заборави и дека пред три години доби и своја електрична модификација. Продажбата сепак не беше на ниво каква посакуваа Холанѓаните, но само затоа што нивниот поголем модел беше подобар избор за дел од задачите каде се преклопуваа.

Што сега нé чека ќе дознаеме подоцна годинава, кога новиот CF ќе се појави. Наводно ќе биде толку различен што некое време паралелно ќе се произведува и сегашниот модел. Но за тоа, потоа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *