Tags: ,
Volkswagen Golf III (1991-2002)

Помоќен, побезбеден

» Третата генерација на Golf која желно се очекуваше ја здогледа светлоста на денот во 1991 година. Во прашање беше во секој поглед потполно нов автомобил. Покрај хечбекот со три и пет врати купувачите можеа да добијат и караван, а малку подоцна и кабриолет. Во палетата мотори што ја донесе место најде и легендарниот 1.9 TDi со директно вбризгување на горивото. Golf GTi доби дволитарски мотор со 150 KS, а голема новост беа и VR6 верзиите, на почетокот со 2,8 литарски мотор со 176 а подоцна со 2,9 литарски со 190 KS, кој забрзуваше до 100 km/h за 6,7 секунди и постигнуваше респектабилни 250 km/h.

Публиката и новинарите одлично ја примија третата генерација на Golf, која до 1997 година беше произведена во 4,8 милиони примероци. Караванот остана во понуда уште две, а кабриолетот уште пет години подоцна. Овој модел му ја донесе на Volkswagen и првата титула „Автомобил на годината“ во Европа. Но, во Америка ситуацијата беше поинаква. Имено, откако компанијата го префрли производството од САД во Мексико дојде до сериозно опаѓање на квалитетот. Ситуацијата стана толку лоша што северноамериканската филијала на марката одби да ги увезува моделите од Мексико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *