Tags: ,
Volkswagen Golf V (2003-2010)

Со ветер во грб

» Петтата генерација на Golf претставена 2003 година на купувачите им донесе сличен дизајн но значително унапредени возни својства. Ослонувањето назад беше мултилинк, торзионата крутост на каросеријата беше зголемена за 35 отсто, менувачот можеше да биде седумстепен DSG, а светлата ксенонски. Заради различното позиционирање на пазарот американската верзија доби стар 2,5 литарски мотор и ниска цена од 15.000 долари, додека во Европа Golf и понатаму беше скоро премиум производ. Целокупниот впечаток малку го наруши понискиот квалитет на ентериерот, кој сепак беше подобар од конкуренцијата која започна да му одзема од купувачите, кои до крајот на својот животен век ги собра 3,4 милиони.

Новост во понудата беше Plus полумоноволуменската верзија, а изборот мотори и понатаму остана широк, за секого по нешто. Интересна беше 1.4 TSi верзијата со турбо и механички компресор, која развиваше 170 KS. Дел од дизелите станаа дволитарски и ги имаше со силина од 75 до 170 коњи. Во овој период VW беше расположен за експериментирање и подготви неколку студии на тема Golf, меѓу кои најимпресивна беше онаа со 6,0 литарски W12 турбо мотор од Bentley Continental GT со 650 KS. Наредната шеста генерација слободно можеме да ја сметаме за темелен редизајн на оваа бидејќи во очекување на новата MQB архитектура, ја имаше истата платформа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *