Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>24 јуни 1910 година (видео)

Каква ќе беше историјата на автомобилите без Alfa?!

» Во светот на автомобилите постојат некои имиња без кои не е можно да се замисли историјата. Едно од нив кое зафаќа позначајно место е Alfa Romeo, која е основана на денешен ден 1910 година. Компанијата тогаш наречена A.L.F.A. настана по иницијатива на миланскиот аристократ Уго Стела кој со своите пријатели ја купи италијанската фабрика на француската компанија Darracq и ја основа Anonima Lombarda Fabbrica Automobili, скратено A.L.F.A. Вториот дел од своето звучно име го доби во 1920-тата од неаполскиот бизнисмен со густи црни мустаќи Никола Ромео, кој со своето богатство стекнато со производство на рударска опрема веќе неколку години ја контролираше компанијата. Веќе ваквите почетоци укажуваат на бурната историја што ја следи марката до денешен ден, но можеби токму и таму лежи причината за нејзината слава, нели?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *