Tags: ,
Голема офанзива на Škoda

Наскоро дури шест електрични модели

» Škoda планира до 2026 година да лансира дури шест електрични модели – покрај темелно редизајнираните две верзии на Enyaq уште и стилски караван и три SUV модели. Предвидено е во електричната мобилност чешката марка да вложи вкупно 5,6 милијарди евра. За разлика од сестринските марки на чешката компанија не и се брза да се прости од класичните мотори бидејќи како членка на групацијата добила обврска за понатамошен развој и модернизација на агрегатите од ЕА211 семејството. Затоа во тек на преодната фаза за која не е кажано до кога ќе трае моделите со мотори со внатрешно согорување и плаг-ин хибридни погонски склопови и понатаму ќе бидат ослонец на производствената палета. Од познатите новитети есенва ги очекуваме Superb и Kodiaq кои ќе ги задржат и своите дизелски верзии, а планирани се и рестилизираните Scala и Kamiq. Модернизацијата на Octavia е закажана за 2024 година, кога треба да го видиме и првиот нов електричен модел, компактниот SUV наречен Elroq како замена за Karoq.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *