Tags: , , ,
Mercedes ESF 05 (1971) – фото галерија

Почеток на развојот на безбедноста во автомобилите

» Mercedes отсекогаш наново ги поставувал стандардите во автомобилската безбедност. Веќе во ’70-тите марката направи вкупно 35 тест возила како дел од Experimental-Sicherheits-Fahrzeuge програмата за истражување на идните безбедносни системи. Прво претставено на јавноста во септември 1971 година беше ESF 05 втемелено на W114 серијата. Тоа имаше бројни иновативни решенија од активната и пасивната безбедност, од кои некои ќе достигнат производствена зрелост долги години подоцна.

На средината на ’60-тите години со зголемувањето на моторизација бројот на сообраќајни несреќи нагло започна да расте. Безбедноста стануваше сé поважна Тажниот рекорд во Германија беше поставен 1970-тата кога на патиштата во западниот дел на поделената земја животот го загубија 19.193 луѓе. Сличен развој на  настаните се случуваше и во другите земји, што можеше да се предвиди веќе во претходните години. Како одговор на тоа во 1968-мата министерството за транспорт на САД покрена програма за развој на експериментални безбедносни возила. Идејата се рашири и во Европа со формирање на организацијата со назив одбор за подобрување на безбедноста возила во 1970 година. Барањата што беа дефинирани за експерименталните возила предвидуваа тие да издржат предни и задни удари во фиксна препрека при 80 km/h и бочни удари при 20 km/h, како и без трајни деформации да поднесат помали несреќи при брзини до 16 km/h.

Mercedes го подржаа ова и ја стартуваше својата програма исклучиво фокусирана на безбедноста. Колку длабоко навлегоа покажува токму ESF 05 покажан една година подоцна, кој беше опремен со бројни решенија, како на пример безбедносните појаси во три точки кои сами се поставуваат и воздушни перници освен пред возачот и совозачот и за патниците назад поставени во наслоните на предните седишта. За да се исполнат предвидените барањата структурата на каросеријата беше засилена. Имаше за 100 милиметри поголемо меѓуоскино растојание, а предниот дел беше продолжен за 370 милиметри за да се добие дополнителен простор за деформации кај експерименталниот V6 мотор, со што должина на возилото се зголеми за 655 милиметри во споредба со стандардната лимузина, на вкупно 5.349 mm. Понатаму, предните светла беа опремени со контрола на должината на снопот и систем за миење, ветробранското и задното стакло беа од ламинирано стакло, возилото имаше и ABS систем против блокирање на тркалата при кочење а беа поставени и облоги од полиуретанска пена на подрачјата каде може да се очекува телото на сопатникот да удри при судар. Со сето ова и другите нешта, тежината на возилото се зголеми за 655 килограми, на 2.060 kg.

Со своите безбедносни иновации, возилата како што беше Mercedes ESF 05 одиграа важна улога во драстичното намалување на бројот на смртни случаи во патниот сообраќај. На пример во Германија во 2022 година бројката изнесуваше 2.788 настрадани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *