Tags: ,
Со 4×4 погон не требаат зимски пневматици?!

Опасна и фатална заблуда

» Возилата со 4×4 погон генерално се поотпорни на пролизгување и губење на контролата, заради што пружат лажно чувство на сигурност. Во зимски услови со снег тие имаат подобри возни својства, но запаметете – кочењето е исто кај сите автомобили, имале тие 4×4 погон или не. Затоа и не треба да се претерува со брзината, уште помалку да се смета дека на возило со 4×4 погон не му требаат зимски пневматици. Тоа е опасна и фатална заблуда. Предностите на зимските во однос на летните пневматици се што тие имаат прилагодена геометрија на нагазната површина, со подлабоки надолжни, попречни и коси канали и ламеларна структура која го подобрува лежењето. Составот на зимските пневматици е поотпорен на ниски температури за разлика од летните кои веќе под 7 степени целзиусови се стврднуваат и ги губат својствата за прилепување. Заради тоа користењето зимски пневматици е потребно и кај возилата кои имаат 4×4 погон, дури и кај оние кај кои тој е интегрален, односно постојан. Впрочем, погледнете го видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *