Tags: , , ,
Škoda Octavia I (1996-2010) – 2*видеа, фото галерија

Најдобриот чешки извозен производ, после пивото

» Приказната за Octavia, освен името, започнува во 1992 година кога Škoda му се приклучи на Volkswagen, кој несебично ѝ ги отстапи своите технологии и механика. Земајќи го Golf IV како основа, чешките инженери кои за прв пат во историјата на компанијата работеа со компјутерски потпомогнато проектирање, создадоа модел со уникатен дизајн кој ја редефинираше марката и нејзиниот имиџ. Автомобилот беше претставен на 1 септември 1996 година, а неговото производство започна два дена подоцна во модернизираната фабрика во Млада Болеслава во која беа вложени преку 600 милиони германски марки. Освен платформата, од германскиот патрон беа преземени и моторите и менувачите, но и други компоненти како седиштата на пример. Но затоа изгледот, како надворешен така и внатрешен, беа карактеристични. Дури и денес за првата Octavia ќе се каже дека има непогрешлив печат на безвременски елегантен дизајн.

Како што тогаш беше актуелно кај сите западни производители, акцент беше ставен на активната и пасивна безбедност. Освен со предни, Octavia се опремуваше и со странични воздушни перници. Беа користени засилувања на вратите а достапен беше и системот против блокирање на сопирачките. EuroNCAP на првата модерна Octavia ѝ додели четири ѕвездички, што беше во согласност со конкурентските автомобили на европскиот пазар. Во првата година од производството Octavia доаѓаше со два бензински и еден дизел мотор. Основна понуда беше 1.6 со 75 KS, додека подобра алтернатива беше 1.8 20V верзијата со пет вентили и 125 KS, а современиот 1.9 TDi со 90 KS можеше да се пофали со просечна ​​потрошувачка од само 5,1 литри на 100 km. Со текот на времето палетата мотори постепено се ширеше опфаќајќи распон од бензински 60 до 180 и дизелски од 68 до 130 KS.

Пролетта 1998-мата беше претставена и караванската  верзија на Octavia, чиј елегантно обликуван заден дел нудеше 1.512 литри простор за багаж. За нејзините практични вредности најдобро кажува податокот дека освојуваше и преку 40 отсто од купувачите на Octavia и заради големиот интерес мораше да биде активирана нова монтажна линија во фабриката на Škoda во Врхлаби. Во 2000-тата година Octavia ја дочека својата модернизирана со која пристигна и топ верзијата RS. Динамиката ѝ ја даваше турбо моторот од 1,8 литри со 180 коњи со кои можеше да забрза од 0 до 100 km/h за 7,9 секунди и да постигне најголема брзина од 235 km/h. Имаше и самовентилирачки дискови, атрактивни спортски седишта и управувач, педали од нерѓосувачки челик и други атрактивни додатоци.

Огромната популарност на првата модерна генерација на Octavia придонесе таа паралелно да остане во производство уште шест години по појавувањето на нејзиниот наследник  – сé до 2010-тата. Статистиката на компанијата покажува дека се направени вкупно 1.445.563 примероци, од кои една третина од караванската верзија. Освен во Чешка, Octavia I се произведуваше уште и во Полска, Босна и Херцеговина, Украина, Казахстан и Индија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *