Tags: ,
» Денешниот ден во ретровизор <br/>22 октомври 1992 година

Еден од најдобрите рели автомобили било кога

» На денешен ден 1992 година беше претставена Subaru Impreza. Дотогаш моделите на оваа технички ориентирана јапонска марка беа познати по издржливоста, боксер моторите и 4×4 погонот, но и по безличноста и недостатокот на емоции во возењето. Како наследник на моделот Leone, Impreza која требаше да се вика Loyale, сé промени. Посебно со доаѓањето на моќните WRX и STi верзии кои станаа рели икона – Impreza има освоено вкупно 183 национални и меѓународни шампионски титули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *