Tags: , ,
Auto Avio Costruzioni – Ferrari пред Ferrari (2*видео)

Италијанска спортска марка, претходник на Ferrari

» Откако Енцо Ферари после две децении во 1939-тата ја прекина соработката со Alfa Romeo кој го откупи неговиот тркачки тим Scuderia Ferrari и го интегрира во компанијата, договорот не му дозволуваше да го користи сопственото име за сличен тип на бизнис. Затоа тој ја основа компанијата Auto Avio Costruzioni, скратено AAC, која во 1940-тата успеа да направи само два примерока од моделот означен како 815. Овој отворен тркачки автомобил доработен од каросерницата Touring Superleggera имаше реден осумцилиндричен мотор од 1,5  литри добиен со спојување на два модифицирани Fiat-ови агрегати. Обата автомобила настапија на големата награда на Бреша, но мораа да се откажат заради механички проблеми и тоа додека беа во водство. Еден од возачите беше и ѕвездата во подем Алберто Аскари кому ова му беше прва трка на четири тркала. Токму неговиот автомобил успеа да ја преживее втората светска војна и денес е сочуван во една италијанска приватна колекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *