Tags: ,
Семафор на иднината (видео)

Генијална идеја, нема што!

» Индија по многу што е посебна земја, не само културолошки. Од таму доаѓа и оваа идеја која да се има слух низ светот би станала нормална работа насекаде. Семафорот што го гледате се наоѓа во Мумбаи, во функција на зголемување на безбедноста. За тоа по целиот столб на кој е поставен семафорот се закачени ЛЕД диоди кои го менуваат своето светло заедно со неговите. Тоа е посебно корисно ноќе кога улиците се празни и се вози брзо, како и во лоши временски услови. Ако ве чуди иновативноста на Индијците, тогаш треба да знаете дека на тамошните улици се движат нешто помалку од 3% од сите возила во светот, ама бројот на смртни случаи во сообраќајот е 12% од глобалното ниво. Со други бројки, во Индија годишно на патиштата гинат околу 300.000 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *