Tags: , , , ,
Mazda Savanna/RX-3 (1971-1978) – видео, фото галерија

Почетоците на големите нешта

» Малку занемарен во споредба со подоцнежното RX-7 купе или пак со далеку пореткиот Cosmo Sport, RX-3 беше пресвртница во историјата на Mazda – токму овој модел на домашниот пазар познат како Savanna ја зацврсти поврзаноста на јапонскиот производител со ротационата моторна техника. Успехот што го постигна надвор од границите на матичната земја помогна и Mazda да се постави на глобалната автомобилска карта – се произведуваше од 1971 до 1978 година за кое време беа продадени 286.757 примероци. Во основа беше ванкел верзија на моделот Grand Familia од кој малку дизајнерски се разликуваше. За успехот придонесе и тоа што се произведуваше во лимузинска, караванска и купе верзија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *