Tags: , , , ,
Volvo P1800 Cyan (фото галерија, видео)

Оживување на култниот модел

» Volvo отсекогаш зрачел со една поинаква убавина. Помалку ладна, а сепак толку заводлива. И не секому му се допаѓа. Но, дури и да не ви се доаѓа шведското дизајнерско изразување, тешко е да се остане имун на P1800. Овој модел се појави во 1960-тата, една година пред Jaguar E-Type, две пред Ferrari 250 GTO и три пред Porsche 911. Кои се овие автомобили денес сите знаат, но кој беше P1800 знаат само ентузијастите. Тоа беше доволен повод експертскиот тим на шведскиот Cyan Racing да се зафати со предизвикот наново да го заживее култниот шведски автомобил.

Volvo P1800 Cyan не се претставува како тркачки автомобил наменет за употреба во регуларниот сообраќај, иако тоа може да се каже за него. Под долгиот поклопец на моторот се крие дволитарски турбо агрегат со 420 KS и 455 Nm. Секако, за погон се задолжени задните тркала, а за забавата во ретро стил да биде комплетна се грижи петстепениот менувач. Сликата ја дополнува и уште еден важен податок – тежината од само 990 kg. Надворешноста е совршена, ентериерот уште подобар. Доминираат со кожа обложениот управувач, тркачките седишта и појаси, а дигиталните инструменти со дизајн како оригиналните јасно ја поврзуваат чистата и возачки ориентирана внатрешност со декор од шеесеттите со модерната сегашност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *