Tags:
Трактори на иднината: Valtra T-серија (видео)

Кабина како кај ловец-бомбардер

» Ви претставуваме само еден модел од бројните марки трактори, колку да добиете слика што стана од овие некогаш едноставни машини. Се работи за Т-серијата на финскиот производител Valtra, некогаш дел од нам познатиот Valmet. Тој важи за прилично ексклузивен и со цените кои далеку надминуваат стотина илјади евра е само сон и за тамошните земјоделци. Од техничките податоци би ги издвоиле шестцилиндричниот 6,6 или 7,4 литарски мотор со распон на моќноста од 170 до 270 коњски сили, менувач со триесет (добро прочитавте, 30) степени на пренос за возење напред и исто толку за назад и максималната брзина на асфалт му изнесува 53 километри на час. Другото погледнете го во видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *