Tags: ,
Светлечки зебри (видео)

Пешачки премини кои ги осветлуваат пешаците

» Во неколку холандски градови постојат пешачки премини кои ги осветлуваат пешаците со што тие стануваат доста поупадливи во темница, што би требало да го намали бројот на сообраќајни несреќи. Светлечките зебри ги има осмислено компанијата Lighted Zebra Crossing. Панелите во кои се вградени ЛЕД сијалички светат нон-стоп, и дење и ноќе и воопшто не им пречат на возачите, ниту им го одземаат вниманието, а потрошувачката на струја им е минимална. Напротив, ќе им овозможат полесно да ги здогледаат пешаците кога поминуваат преку улица. Нивната дебелина е меѓу 8 и 10 сантиметри и можат да се вградат во бекатон и асфалт – во првиот случај поставени на челична конструкција, а во вториот директно во подлогата. Идејата за вакви светлечки зебри дојде од едно десетгодишно девојче. Испробани се во различни временски услови вклучително и преку зима, со посипан сол за одмрзнување. Издржливоста е верификувана во близина на една транспортна компанија, каде преку нив поминувале и до 250 натоварени камиони дневно. Кинезите пак, дополнително ги унапредија со вградување ЛЕД сијалички кои ја менуваат бојата и можат да светат зелено, црвено, жолто…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *