Том Морленд клучка, Атланта

Шпагети раскрсница, ќофте сообраќај

» Ова што го гледате е Том Морленд клучката меѓу патиштата I-285 и I-85 североисточно од Атланта, Џорџија, доста фигуративно наречена „шпагети“. Таа неколку пати од американскиот институт за истражување на транспортот ја добива неславната титула за најлошо тесно грло во Соединетите Американски Држави. Овој институт ја прави својата листа врз основа на ГПС податоци од повеќе од 600.000 тешки камиони анализирајќи го сообраќајниот метеж на околу 250 локации, со финансиска поддршка од федералната агенција за патишта.

Низ клучката меѓу двете сојузни магистрали која има 14 моста, пет нивоа и на некои места дури 18 ленти, дневно поминуваат и до 300.000 возила. Скоро девет часа во текот на денот на неа владее сообраќаен метеж, со застои кои сериозно го нарушуваат протокот на возила. Бидејќи на камионскиот транспорт во САД отпаѓаат 70%, не треба многу за да се сфати колкави финансиски загуби таа предизвикува. Се градеше од 1982-рата до 1987-мата и чинеше 86 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *