Знаете ли што значат ознаките на алтернативните горивата?

Ознаки на горивата

» Пред неколку години Европската унија ги стандардизираше ознаките за алтернативните горива кои ќе се употребуваат во сите нејзини членки. Целта на оваа унификација беше возачите да имаат јасна претстава што точат во своите возила. Покрај на пумпите, ознаките се среќаваат и во непосредна близина на отворот за точење гориво кај поновите возила од сите категории – од мопеди до тешки камиони. Кај бензините тие се кружни со буквата Е и бројка до неа што означува колкав е процентот на етанол во горивото. Така на пример Е5 значи дека во бензинот се додадени 5 отсто етанол. Оваа вредност е многу важна бидејќи некои мотори на автомобили не реагираат најдобро на повисока вредност на етанолот кој може да нагриза одредени материјали – пластика, гума, алуминиум… Препорака е секој сопственик на возило пред да сипува било што во него да се информира за тоа. Слично е и кај дизел горивата кај кои ознаката е квадратна со буквата B и бројка која го означува процентот на биодизел. Но ако во квадратот се среќава ознаката XTL, тоа значи дека се работи за синтетички дизел кој не е добиен од сурова нафта. Постојат ознаки и за другите типови горива, кои се со облик на ромб. Така H2 означува водород, LPG течен нафтен гас (авто-плин), CNG компримиран природен гас (метан), а LNG течен природен гас, нешто што кај нас нема.

Освен во сите земји членки на Европската Унија и Велика Британија, овие ознаки можат се сретнат и во некои други земји како што се Исланд, Норвешка, Швајцарија, но и во Македонија, Србија, Турција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *