Tags: , , ,
Новиот бренд на Hyundai ќе ја забрза електрификацијата

Три нови електрични возила за четири години

» Под ознаките на неодамна лансираната самостојна марка Ioniq, Hyundai ќе започне офанзива за електрификација на својата европска гама. Прв модел ќе биде кросоверот со средна големина Ioniq 5, планиран да дебитира кон средината на 2021 година. Ќе се заснова на концептот 45 прикажан лани на салонот на автомобилите во Франкфурт. После него ќе следат уште два модела – во 2022-рата седанот Ioniq 6 а две години потоа поголемиот кросовер Ioniq 7. Сите три модела ќе бидат базирани на новата e-GMP електрична глобална модуларна платформа.

За ова претседателот и извршен директор на Hyundai Europe, Мајкл Кол, изјави: „За релативно краток временски период имаме потенцијал да станеме најголемиот снабдувач на електрични возила во Европа“. Кол го базира своето предвидување на проценката дека Hyundai годинава ќе продаде околу 60.000 возила со нулта емисија, со што веќе уште сега ќе се рангира како еден од најголемите играчи во европскиот електричен сектор.

Заедно со сестринските брендови Kia и Genesis, Hyundai има за цел да продаде милион електрични возила до 2025 година, што според нив на компанијата ќе и доделат 10 проценти од глобалниот пазар. Нивното портфолио на еколошки возила исто така вклучува и хибриди, плаг-ин хибриди и возила со горивни ќелии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *