Tags:
Прва автомобилска експедиција низ Сахара

За 21 ден низ песочниот пекол

» Андре Ситроен важеше за голем визионер – како во погледот на техниката, така и за маркетингот. Една од неговите генијални идеи за да го сврти вниманието на јавноста беше и преминувањето на Сахара, што се реализираше со пет Citroen полугасеничари направени на база на вториот модел на марката B2. Екипата која тргна на 17 декември во 1922 година од Тугурт во Алжир за 21 ден низ пустината помина повеќе од 3.200 километри до Томбукту во Мали и охрабрена од успехот, иако на почетокот не беше предвидено, се врати на истиот начин – возејќи низ Сахара. Истражувачката експедиција се одвиваше под будното око на медиумите врз основа на извештаите кои преку радио или телеграмски се испраќаа во Париз. Феноменалниот успех беше поттик и за други слични експедиции низ неистражените светски подрачја, како и зачетник на исцрпувачките натпревари како што е релито Дакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *