Tags: ,
Mercedes го обнови CLS

Унапредена е и AMG 53 изведбата

» Со некои помалку скромни, а други повеќе скромни измени, Mercedes CLS влегува во вториот дел од својот животен пат. Помалку скромни се измените на надворешноста – нова маска, нови браници и ништо друго вредно за споменување, а повеќе скромни се корекциите на внатрешноста – нов управувачи и нови украсни детали. Нешто повеќе измени има во механиката – понудата на моделот е проширена со најновата генерација дизел мотори со интегриран стартер-генератор, а унапредена е и ексклузивната AMG 53 4Matic+ изведба. Нејзиното трилитарско шестцилиндрично срце испумпува 435 KS и 520 Nm кои преку деветстепената автоматика ги испраќа на сите тркала свртувајќи ги до 100 km/h за 4,5 секунди, додека максималната брзина е лимитирана на вообичаените 250 km/h.

За останатите CLS од летово кога ќе стигне на пазарот ќе биде на располагање со бензински со 299 и 367 KS и дизели со 194, 265 и 330 KS. Цените ќе бидат објавени дополнително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *