Tags: , ,
Произведен последниот Volkswagen e-Golf (видео)

Една ера завршува, друга започнува

» Една кратка вест од Volkswagen – германскиот производител соопшти дека во фабриката во Дрезден е произведен последниот примерок на електричниот Golf. Со тоа, овој модел базиран на седмата генерација, го отстапува своето место на новиот ID.3. e-Golf беше лансиран во 2014 година. На почетокот се произведуваше само во Волфсбург, а од стаклената фабрика во Дрезден започна да излегува во март 2017 година. Volkswagen од e-Golf вкупно произведе 145.561 примерок (од кои 50.401 во Дрезден), со кои тој ја трасираше електрификацијата не само на марката туку и на целата автомобилска индустрија во Европа. Таму каде тој застана ќе продолжи ID.3, кој од Дрезден ќе започне да излегува при крајот на јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *