Tags: ,
Само во Америка… (видео)

Авион или луксузна лимузина?

» Практично ниту едно, но и двете – авион е, но нема крила и се разбира дека не може да лета, а иако може да се движи на автопат, заради неговиот невообичаен изглед тешко дека некој ќе каже дека е лимузина. Но сепак е повеќе тоа и за неговиот креатор Ден Харис може да се искажат само пофални зборови, најмногу неговата упорност и посветеност. Тој има вложено цели години вложи во преобразбата на ислужениот Learjet кој претходно завршил со летечкиот живот. Операцијата за продолжување на неговиот земски живот треаше поприлично долго, но сепак на крајот сите беа среќни – властите дозволија Limo-Jet да се регистрира и да може да се движи по патиштата.

Погледот длабоко под задниот дел ни ја окрива погонската група – 8,1 литарски Vortec V8 мотор позајмен од пикап на General Motors, чиј карактер го одредуваат максималните 330 KS и 610 Nm при само 1.400 вртежи. За да се прикрие неговото потеклото, конструкторот од Далас се одлучил да вгради акустичен систем со неверојатни 17 MW. За секој случај постои можност за емитување на звук на спортист од калибарот на Lamborghini или пак репродукција на вистински млазен мотор.

Внатрешноста повеќемина ќе разочара, но тоа е веќе прашање на вкусовите – место раскошниот луксуз на еден Learjet ќе се наиде на атмосфера на ноќен клуб. Командната табла е преземена од првата генерација на Silverado, а за секој случај поставени се и команди на самиот кров, просто да не се заборави на генеричкото потекло на оваа невообичаена комбинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *