Tags: , , ,
Citroen Scarabée d’Or (фото-галерија, видео)

Возилото што ја совлада Сахара

» Три години му требаше на тимот составен од 160 студенти и средношколци и 50 професори и ментори да  ја создадат оваа идентична репродукција на Scarabée d’Or, еден од петте полугасеничари што во декември 19222 и јануари 1923 година ја премина Сахара во експедицијата која траеше 21 ден за кои беа поминати 3.200 километри. Репликата за која требаа 50.000 работни часа и 1.500 килограми метал се подготвуваше на 11 локации низ Франција. Оригиналот беше направен со преработка  на вториот модел на Citroen, Type B2. Долго е 3,70, широко 1,50, високо 1,68 метри и тешко 1.700 килограми, а со 1,5 литарскиот мотор со 20 KS развиваше максимални 29 km/h.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *