Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>5 март 1929 година

Изгореа повеќе од 320 експонати

» На денешен ден 1929 година пожар го пеплоса салонот на автомобилите во Лос Анџелес. Настанат од заборавена цигара, пожарот ги зафати сите четири големи шатори под кои беа сместени повеќе од 320 експонати, меѓу кои и уникатни возила. Во моментот на настанувањето на пожарот нив ги разгледувале околу 2.500 луѓе, но за огромна среќа нема човечки жртви. Додека пожарната служба се обидувала да го изгасне пожарот луѓето од организацијата на салонот пробале да спасат нешто од автомобилите, но бензинот во нивните резервоари лесно пламнуваше а гумите бавно гореа. Салонот, сепак, после еден ден, продолжи на друга локација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *