Tags:
Furrion Elysium

All inclusive во вистинска смисла на зборот

» Настанато е како резултат на одврзаните раце на дизајнерите на Furrion и буџетот без дно за развој на демонстрациско возило за нивните производи – врвна опрема за кампери, бела техника, аудио-визуелни компоненти и надзорни системи. Но и покрај првичната намена само да ја покаже технолошката надмоќ на споменатата компанија, започнаа да пристигнуваат нарачки за него. Рокот за испорака не се знае – најпрво ќе треба списокот што сé да се вгради во него да се прочита до крај. А тој навистина може да биде бескраен, бидејќи во должината од 13,7 метри, широчината од 2,4 и висината од 4 метри собира многу, практично сé што ќе овозможи живот на супербогатите во потполно изолиран утописки свет.

Да споменеме само дел од тоа. Покривот е изведен во стил на палуба на јахта, при што на неговата платформа која се спушта се наоѓаат џакузи и удобни фотелји. Внатрешноста е за класа над луксузните пентхауси, а комфорот го обезбедуваат трите огромни телевизори, каминот, комплетната кујна со индукциска плоча, рерна, микропечка, машина за садови, XXL ладилник и уште еден посебен за вино. Не треба да ги споменуваме најфините керамички плочки, врвниот паркет, огромната спална соба, благородното дрво… Се среќаваат и надзорни камери, секако не во смарт WC-то кое буквално ги предвидува телесните функции на патниците. Но во овој all inclusive апартман на тркала од 2,5 милиони долари не се среќава заден носач за велосипеди, бидејќи си има сопствен хеликоптер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *