Tags: ,
Втората генерација на Lexus NX пристигна во Македонија

Нова генерација, нови технологии

» Веќе како да заборавивме кога Lexus го понуди првиот хибрид бидејќи марката отсекогаш сме ја поврзувале со напредните технологии. Сега дури и повеќе бидејќи со новата генерација на NX јапонскиот производител зачекори во едно ново време во кое електриката посилно владее. Упатените веќе знаат за што зборуваме – тукушто пристигнатиот Lexus NX е првиот нивни плаг-ин модел. Тој во ова пакување пристигнува со 2,5 литарски бензински мотор и два електромотора со комбинирани 309 коњски сили. Тие ќе го забрзаат до 100 километри на час за 6,3 секунди, истовремено овозможувајќи целосно електрично возење со брзини до 135 километри на час. Во овој режим NX бесшумно и без капка гориво може да помине дури до 98 километри во градски циклус, што прави според WLTP нормите да има декларирана просечна потрошувачка од 0,9 до 1,1 литар гориво на 100 километри, откако батериите целосно ќе се испразнат. Технички е освежен и стандардниот хибрид, кој сега има 244 коњски сили и за дваесетина отсто помали емисии на јагленород диоксид.

Во поглед на изгледот измените се суптилни и NX се претставува со нова еволуција на основната дизајнерска филозофија на Lexus. Авангардниот пристап е задржан и комбиниран со детали кои го оддаваат моќниот карактер. Изненадувања нема ни во опременоста – тоа отсекогаш било силна страна на марката, која сега нуди ново ниво на луксуз во кабината во која престојот е попријатен со стандардните нови можности за поврзување. За квалитетот нема потреба ние да зборуваме, за тоа сé кажува 10-годишната гаранција. Цената на хибридниот NX 350h во Македонија стартува од 49.990 евра, а на плаг-ин хибридниот 450h+ за дваесет илјади повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *