Tags:
Што е twin-scroll турбо компресорот (видео)

Два влеза за воздух за поголема ефикасност

» Сé повеќе мотори се опремени со таканаречениот twin-scroll турбо компресор. Но всушност што е тоа? Основната идеја на турбо моторите е во текот на првиот такт во цилиндрите да се внесе воздух под притисок. Таа задача ја обавува компресор кој е задвижуван од турбина до која издувните гасови од цилиндрите кои ја задвижуваат доаѓаат низ издувната гранка. Но бидејќи турбината создава отпор и го зголемува притисокот во издувната гранка, издувните гасови од цилиндарот кој започнува со празнење навлегуваат во цилиндарот кој тукушто завршил со издувување, што се случува заради преклопувањето на фазите на отвореност на вентилите. Овој проблем со поврат на издувните гасови во цилиндрите се спречува со двоен влез и одвоена турбинска комора за струење на издувните гасови кон турбината. Се спаруваат цилиндрите кај кои клиповите се движат паралелно, со фазна разлика од 360 степени, односно оние кои истовремено се во горната односно долната мртва точка. Кај вака спарените цилиндри кога кај еден вентилите се во фаза на преклопување на преминот од четвртиот во првиот такт, тогаш кај другиот цилиндар вентилите се затворени бидејќи тој е во точката на премин од вториот во третиот такт и повратот на издувните гасови не е можен.

Со спречување на неконтролираниот поврат на издувните гасови се зголемува ефикасноста на турбо моторот и намалува потрошувачката на гориво, а значително се подобрува и еластичноста, посебно на ниски вртежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *