Tags: , ,
Stellantis го електрифицираше и Fiat Ulysse

Француската електрика и во италијанско пакување

» Седум или осум седишта, електричен погон и солидно опремена комби каросерија – тоа е новиот Fiat e-Ulysse кој Stellantis го најави уште лани кога ги претстави моделите со класични мотори. Иако во основа лесно комерцијално возило, вообичаено е оваа класа возила да се нарекуваат и пласираат како моноволуменски, што за Fiat значи враќање во овој сегмент. Значаен исто така е и што е втор електричен модел на италијанската марка, иако нема многу италијанско во него. Сé што е кажано за Peugeot e-Traveller, Citroen e-SpaceTourer и Opel Zafira-e, но и за Toyota ProAce Verso Electric важи и за него – електропогон од 136 KS, два пакета батерии од 50 или 75 kWh кои овозможуваат автономија од 220 односно 330 km и повеќе опции за полнење, од кои најбрзата обезбедува 80% за 45 минути. Ќе биде достапен во две должини на каросеријата од што зависи и просторот за товар, а комфорот што го нуди е максимален. Продажбата најпрво ќе му стартува во Италија, Франција, Германија и Австрија, а после тоа и во другите европски земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *