Tags: , ,
Спортист на водород со секси изглед: Toyota H2+

Зошто никој одговорен не го забележа?!

» Toyota е врвна автомобилска марка и како таква сосема разбирливо предизвик за многумина. Еден од нив е шпанскиот дизајнер Давид Галего кој изработи интересен дизајнерски концепт на електричен спортист. Проектот сугестивно е наречен H2+ за јасно да алудира на погонска група со горивни ќелии кои како гориво употребуваат водород и место издувни гасови испуштаат само водена пареа. H2+ сепак е нешто сосема различно од Mirai во кој се вградува токму таков погонски систем. Специфика на неговиот дизајн се долгиот нос и острите линии.

Со поставувањето на резервоарите за течниот водород под долгата хауба, шпанскиот дизајнер покажува инвентивност и практичност. За погон се предвидени се четири електромотори кои би биле сместени на самите тркала. Затоа и дизајнот на тркала е посебно направен за да овозможи ладење на електромоторите. Пропорциите (должина 4,38 и широчина 1,81 метри), заедно со малата височина од само 1,01 метри и меѓуоскиното растојание од 2,62 метри создаваат впечаток на вистински спортист со големи капацитети. Во флексибилната внатрешност може да се сместат еден, двајца или три патника.

Технологијата на горивни ќелии Toyota ја има, но зошто никој од одговорните не го забележа овој одличен предлог за еколошки чист, електричен спортист?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *