Утринава проверивме – бензинските пумпи имаат гориво

Непотребна паника или нормална реакција?

» Минатава недела кај граѓаните на Македонија се рашири вест дека ќе нема гориво, од која последица беше „опсадата“ на бензинските пумпи. Институциите реагираа и опашките ги снема, иако мислиме дека поголема причина се празните џебови а не смирувањето на страстите со официјални податоци за уште колку дена имаме резерви. Во потрага по свежи информации од терен вчера и денес утринава обиколивме повеќе од десетина бензински пумпи низ Скопје на кои на сите освен на една, за која ни рекоа дека имаат полни резервоари но не можат да точат гориво затоа што имаат проблем со компјутерскиот систем и ги чекаат сервисерите да го средат, сите работеа нормално. Не прашавме дали точат во канистри, но искрено не ни забележавме дека некој така сака да наполни  гориво, но скоро без исклучок на сите места имаше за нијанса повеќе возила отколку што е нормално.

Таквата ситуацијата на нашите бензински пумпи повеќе одговара на стравот дека цените ќе се зголемат, што сметаме дека е неизбежно, отколку дека ќе снема гориво. Затоа, да сме живи и здрави па што ќе биде од вторник, ќе биде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *