Tags: ,
Dacia 1300 (23 август 1969 – 21 јули 2004)

Сé уште се вози

» Во средината на ’60-тите години, Романија успешно ги спроведе плановите за моторизација на земјата. И кај нас добро познатиот производител на автомобили Dacia, основан во 1966 година, за свој прв модел го избра Renault 12 уште додека тој не беше претставен на светската јавност. Но Романците беа малку нетрпеливи, па додека чекаа тоа да се случи започна со производство на застарениот Renault 8, од кој под ознаката Dacia 1100 од 1968 до 1972-рата направија 37.546 примероци.

Вистинската Dacia сепак беше моделот 1300, која започна да се произведува на 23 август 1969 година. Оваа лимузина со погон на предните тркала, долга 4,35 метри, внесе важни промени во концепцијата на моделите на Renault, пред сé во позиционирањето на надолжно поставениот мотор кој кај неа беше зад предната оска, што донесе повеќе простор во кабината. Тој на почетокот имаше 1,3 литри (оттаму и ознаката 1300) и 54 KS кои овозможуваа пристојни перформанси – максимални 143 km/h и забрзување до 100 km/h за 17 секунди, а воедно со потрошувачката од 7,5 до 8 литри на 100 km беше и економичен. Затоа овој модел не само што ги освои Романците, туку се извезуваше и во голем број земји – освен во целиот источен блок (без Русија) уште и во Јужна Америка, Кина, Северна Кореја, но и во Канада, Велика Британија, Данска, Холандија и секако Југославија.

Со благи измени Dacia 1300 се произведуваше до 21 јули 2004 година, до кога беа направени вкупно 1.959.730 примероци во лимузинска и караванска верзија. Пикап изведбата се произведуваше уште две години и од неа беа направени уште 318.969 возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *