Tags: , , ,
Renault Trafic и Master (видео)

Успех во двоен пакет

» Првата генерација на Trafic и Master претставуваше темел за нова перспективна иднина на комерцијалната програма на Renault, која дотогаш беше дебело застарена. Претставени 1980 година на салонот на автомобилите во Париз, тие беа предзнак на пристигнувањето на помодерни технички решенија – додека тогаш традиционален беше погонот на задните тркала, за нив Renault се одлучи за комбиниран пристап – преден за помалите и заден погон за потешките верзии. Повеќето каросериски изведби и неколкуте меѓуоскини  растојание даваа бројни комбинации и големи можности за избор според специфичните потреби на купувачите. Краткиот нос и големото ветробранско  стакло поставени под ист агол беа дизајнерски револуционерно решение, кое подоцна се преслика и кај Espace. Моделите со погон на предните тркала имаа и низок праг на товарање, а импресионираа и со лесната конструкција што овозможуваше поголема носивост и доброто искористување на просторот.

Поголемиот Master на почетокот имаше 2,5 литарски Sofim дизел мотор со 71 KS, а ретките купувачи кои се одлучуваа за бензински погон на располагање имаа 2,0 литарски мотор со 80 KS од Renault 20. Со редовни технички корекции и дополнување на понудата остана на пазарот до 1997 година, кога после 250.000 произведени единици стигна втората генерација. Сега се очекува почетокот на производството на четвртата генерација која ќе пристигнува со дизел, електричен и погон на водород.

За број помалиот Trafic првобитно имаше два изгледа на предниот дел кои се разликуваа по маската – за моторот од 1,4 литри со 48 KS таа беше во рамнина со носот, а за поголемиот 1,6 литарски бензинец со 65 и 2,1 литарскиот дизел со 58 KS беше извлечена нанапред за заедно со подлабокиот преден браник да се ослободи простор за вградување на агрегатите. На пазарот опстана до 2001 година до кога 930.000 возила излегоа од производствените ленти пред да се појави втората генерација која настана како плод на соработката со Opel и Nissan во чии погони се произведуваше. Сега актуелна е третата генерација претставена 2014-тата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *