Како да се препознае оштетен автомобил

Лажги на чии опашки може да им згазнете

» При купувањето стар автомобил најважно е да се уверите дека тоа што го гледате, односно тоа што ви го кажува продавачот, е вистина. Чести се измамите, намерни или од незнаење на тој што продава што точно продава, за кои некогаш и не постои начин да се утврди вистината. Но ако се сомневате дека возилото што сакате да го купите има преживеано судар, лесно ќе откриете со мерење на дебелината на слојот боја – таа кај новите, односно возилата кои не се пребојадисувани изнесува од 80 до 180 µм. Со нејзина контрола можете да го потврдите тоа. Ако возилото има преживеано судар по што морало да биде пребојадисано, тогаш слојот боја ќе биде подебел, посебно ако под него се наоѓа кит што е често во вакви случаи.

Затоа, колку и да ви изгледа дека сé е во ред, проверете ја дебелината на слојот боја на повеќе места, вклучувајќи ги и рабовите на панелите од каросеријата. Тоа се прави со посебен уред кој работи на принцип на магнетна индукција и не чини многу, но тешко е да се најде во продажба. Затоа најдобро е проверката да ја препуштите на стручно лице. Но ако поправката невешто е изведена може да се познае и со голо око, посебно ако се гледа под агол кога полесно се забележуваат нерамнините на лимот и наново нанесената боја. Ако пак поправка е добро изведена, тогаш и тоа нешто значи – дека возилото, што и да му се случило, било добро и совесно одржувано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *