![Горивата поевтинуваат, ама не сите](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2023/03/merlin_208625052_f20b60eb-9c08-49c7-9c98-d38428ff0966-mobileMasterAt3x1-795x385.jpg)
Минус 2 денари за дизелот и бензинот од 95 октани
» Како што објави регулаторната комисија за енергетика, согласно методологијата за пресметка на максималните цени на горивата кај нас, тие поевтинуваат во просек за 1,90 отсто што преведено во денари значи 2 помалку но само кај дизелот и бензинот од 95 октани, додека цената на бензинот 98 останува иста. Но да не ве малтретираме со причините зошто е така – она што е битно да се знае е дека од ноќеска на полноќ па до наредната одлука на регулаторната комисија за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 81,50 денари, за литар еуродизел Д-Е V по 75,50 а за литар од еуросупер БС-98 по 85,50 денари.