Tags: , , ,
Volkswagen ID.2all – Нов народен Volkswagen (видео)

Електричен автомобил кој ќе чини помалку од 25.000 евра

» После многу долго време откако прв пат го најави, Volkswagen го претстави концептот на електричниот автомобил кој ќе има цена помала од 25.000 евра. Маркетиншки вешто користејќи го влијанието што името Golf го има, Германците успеаја да привлечат големо внимание за премиерата на својот нов продукт кој како сериски модел ќе го дочекаме во 2025-тата. Наречен е ID.2all и веќе со тоа кажува дека е голем како Polo, но само однадвор – внатре велат дека е попростран од деценискиот европски бестселер. За тоа е заслужна електричната платформа која е најнова изведеница на веќе добро познатата и низ целата гама раширена MEB архитектура. Битна еволутивна разлика е што ќе има погон на предните тркала, со што ќе се постават нови стандарди во поглед на технолошките решенија и секојдневната употребливост на идните десетина електрични модели кои тој ќе ги предводи.

Прелиминарите технички податоци велат дека ќе има електромотор од 226 коњски сили, а батериите ќе овозможат автономија од 450 km, после кои за околу 20 минути ќе се наполнат до 80 отсто од капацитетот. Покрај техничките иновации, ID.2all донесува и нов дизајнерски јазик во кој повеќе владеат пријателското лице и динамичниот изглед. Внатрешноста исто така има автентичен дизајн, додека багажникот, бидејќи нема електромотор под неговото дно, е раширен на раскошни 490 литри и со соборување на задните седишта може да нарасне на 1.330. Од Volkswagen велат уште и дека ќе биде поддржан со мноштво електронски асистенти и безбедносни системи, но најважно е што неговото претставување го искористија да најават нов електричен модел со цена под 20.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *