Tags: , ,
Најавен Volkswagen ID.8

Осумка за среќа

» Официјално, преку своето писмено обраќање при претставувањето на новата стратегија, шефот на Volkswagen групата Херберт Дис лично и недвосмислено потврди дека компанијата подготвува голем теренец кој под ознаката ID.8 ќе се приклучи на идното електрично семејство. Малку наглото проширување на гамата се поклопува со целта до 2025 година VW да стане најголем светски производител на електрични возила. Во таа констелација ID.8 ќе биде нивниот глобален топ-модел, со слични димензии на актуелниот Atlas. Ќе има седум седишта и дизајн сличен на останатите членови на ID семејството, со кои ќе ја дели и MEB платформата. Таа ќе му обезбеди можност за повеќе погонски групи, но засега најизвесно е неговото опремување со два електромотора со вкупно 306 KS кои ќе му обезбедат 4×4 погон, како и пакетот батерии од 77 kWh. Сепак додека се појави на пазарот што не се знае кога ќе се случи, можни се доста нови спецификации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *