Tags:
Aberdonia (1911-1915)

Заборавени мајстори на луксузот

» Во времето кога автомобилите беа луксуз и реткост, повеќе производители се обидоа да лапнат нешто од новосоздадениот пазарен колач. Можноста за тоа меѓу другите им ја покажа Rolls-Royce, кој беше бизнис инспирација за повеќе производители на возила во Велика Британија. Еден од првите кој се обиде да му парира беше и Aberdonia, чиј неуспех беше заснован на архаичниот концепт со каросерија налик на кочија со преслаб четирицилиндричен мотор кој од 3.160 cm³ извлекуваше само 20 KS. Тоа нималку не ветуваше успех, посебно што претстоеше виорот на првата светска војна. Сепак во историјата ќе останат бледо запаметени по уникатниот модел од 1911 година со централно поставен мотор и возач сместен на предниот дел од возилото, исто како и кај кочиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *