Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>31 мај 1973 година

Првиот успешен модел на Audi во САД

» На денешен ден 1973 година Audi под ознаката Fox го лансираше во САД моделот 80, првиот успешен модел на марката од онаа страна на Атлантикот. Овој автомобил кој беше втор развиен откако компанијата стана дел од Volkswagen групата, им го претстави на Американците квалитетот на германскиот инженеринг во едно ефикасно пакување со механика со погон на предните тркала. Имаше многу што заедничко со првата генерација на Passat, заради што нејзината караванска верзија во Америка се продаваше како Audi.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *