Заради големиот број несреќи
» Берлинските градски власти размислуваат за воведување регистарски таблички и за велосипедите. Причината за ова е големиот број несреќи во кои учествуваат, кои според нивните анализи во повеќе од 50 отсто се предизвикани токму од велосипедистите. Ако ве чуди како бројот сообраќајни несреќи ќе се намали со регистарските таблички за велосипедите, одговорот е јасен – ќе можат да им се пишуваат казни и на велосипедистите. Јасно, ова наиде на нивно неодобрување, иако на крај сепак се работи за нивната безбедност.
Ваква пракса веќе постои на повеќе места во Европа и светот.