Tags: , , , ,
Карбонската шасија на Rimac Nevera (видео)

Oсновата за сé

» Пред некое време Мате Римац се пофали дека Nevera добила европска хомологација, но патот до тоа нималку не беше лесен. За да го илустрираме тоа, се повикавме на една вест од пред година ипол која се однесува токму на хомологацијата на Nevera, тогаш уште под работниот назив C_Two, конкретно за американскиот пазар, за што Rimac за да би се извршиле сите потребни испитувања требаше да испорача 30 прототипи од моделот од кои секој чини милиони долари. Но основачот и прв човек на компанијата кој сега раководи и со Bugatti беше цврсто решен да игра на глобалниот пазар, а без присуство во Америка сликата нема да биде потполна, посебно не кога се работи за електрични суперспортисти од самиот технолошки врв.

За потсетување, четирите електромотори на Nevera располагаат со заедничка силина од 1.914 KS способни првата стотка да ја фатат за помалку од две секунди и да постигнат максимални 420 km/h. Токму поради овие перформанси тестовите се многу компликувани, што за техничките инспектори значи исполнување на многу сложени процедури. Во видеото детално се објаснува носечката структура на Nevera и цврстината на монокок-шасијата изработена од јаглеродни влакна, која е основа за сé. Но да не раскажуваме многу – погледнете ги и сами сите технички детали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *