Tags:
Квиз прашање: Колку чини гаража во Амстердам?

Милион евра за 22 квадратни метри!

» Во еден од подобрите квартови на Амстердам се продава гаража, по цена од која боли глава. Една е од најголемите во околината – има 22 квадратни метри и место за еден, очигледно голем автомобил. Има електрична врата која се отвора далечински, а опремена е со електрична и водоводна инсталација. Цената која се бара за неа е апсурдно високи 995.000 евра, а агенцијата која ја продава нуди и можност за нејзино изнајмување за „само” 990 евра месечно. Од таму велат дека е идеално место да го оставите својот Ferrari или сличен автомобил.

Доколку навистина се продаде за таа цена, можеби ќе стане најскапата гаража во светот. Никој не води евиденција за тоа, ама од она што има излезено во јавноста се споменува дека рекордер е гаража во Хонг Конг продадена за 870.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *