Британците имаат нови семафори
» Барајќи одговор на големиот број несреќи во кои учествуваат велосипедистите, во Велика Британија дојдоа до едно солидно решение. Имено, тие ќе ги опремат семафорите со камери и вештачка интелигенција со кои ќе се следи движењето на велосипедистите и кога ќе се доближат до раскрсницата на време ќе се исклучи помошното зелено светло за автомобилите за вртење надесно за велосипедистите да можат безбедно да поминат. Цената на овој систем изнесува околу 700 фунти по семафор, а први ќе бидат опремени раскрсниците во Ковентри, Саутемптон и Волверемптон.