Tags: ,
Кој е првиот автомобил со автоматски менувач (видео)

Американците, кој друг?!

» Денес скоро сите автомобили во САД имаат автоматски менувач, а процентот на возила опремен со нив со години наназад континуирано се зголемува и во Европа. Електрификацијата ќе го направи излишно прашањето дали е подобро мануелен или автоматски менувач, но сепак добро е да се знае кој ја започна дилемата. Таа чест историски му припаѓа на Oldsmobile кој во 1939 година ги претстави првите големосериски автомобили опремени со Hydra-Matic автоматската трансмисија со хидраулички управувани планетарни запченици. Вистинскиот подем на автоматските менувачи сепак започна скоро деценија подоцна со воведувањето на хидродинамичката спојка, каква што денес имаат сите автоматски менувачи. Тоа ја поедностави конструкцијата на трансмисијата и зголеми нејзината издржливост, со што нејзиниот пат до стандардната опрема кај скоро сите американски возила беше отворен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *