Треба ли на семафор автоматскиот менувач да го префрлиме во N?

Кратко и јасно – не

» При стоење на семафор автоматскиот менувач не треба да се префрлува од D (Drive) во N (Neutral), но педала на сопирачките треба да се држи притисната бидејќи автомобилот ќе се движи. Тоа благо ги зголемува статичкото оптоварување на трансмисијата и потрошувачката на гориво. Кога ќе се префрли од D во N тие се намалуваат, но при префрлувањето од N во D се јавува динамички удар кој е мал но сепак поштетен од нуспојавите во спротивниот случај. Класичниот автоматски менувач има помала ефикасност и создава поголеми отпори од мануелниот, заради што се зголемува потрошувачката, вообичаено 10 до 15 отсто. Но автоматскиот менувач го придушува динамичкото оптоварување на моторот (механичките удари) со што го продолжува неговиот век, понекогаш и за 20 до 30 отсто, а при често градско возење и повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *