Ако дизел моторот менува звук

Може да биде многу сериозно

» Звукот на моторот е една од најважните информации при оценувањето на неговата состојба и исправност. Секој возач знае како звучи неговиот метален љубимец и ако тоа се смени, треба да се сфати сериозно. Најчест случај е кога со зголемувањето на бројот на вртежи на моторот се јавува свирење со висок тон. Тогаш по правило причината е во турбо компресорот кој има дебаланс на роторот и истрошени лежишта како последица на зачадувањето на неговата внатрешност кое создава нерамномерно оптоварување на роторот. Звук сличен на рикање е последица на поврат на горивото од пумпата за висок притисок, а и звукот на стругање укажува на проблем во неа. Кога дизел моторот интензивно го менува звукот со промената на брзината  на вртење треба да се посомневате и на изгорени (најчесто издувни) вентили, што може да биде последица на форсирање во возењето.

Најважно е да се знае дека промената на звукот на дизел моторот укажува на проблеми кои не смеат да се игнорираат. Треба веднаш да се реагира за можеби малите неправилности да не се претворат во скапи дефекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *