Tags: , , ,
Porsche 718 Cayman GT4 RS (2*видео)

Да се знае кој е кој!

» Некои го викаат бејби 911, но овој Cayman нималку не е бебешки – како најврела негова изведба има срце од 911 GT3. Porsche 718 ниту во топлес ниту во купе изведбите не остварува којзнае какви продажни резултати, ама има битно место во понудата на марката која со него им посакува добредојде на своите поклоници. Тоа го прави со дволитарски турбо со 300 коњи, а за оние поентузијастички настроените со 2,5 литарски мотор со 350 и четирилитарски боксер со 400 или 420 коњски сили. Но бидејќи бројките за силата и перформансите, колку и да се добри, кај Porsche никогаш не се доволни, пред нас е GT4 RS верзијата задвижуваа со ѕверски 500 коњски сили. Моторот кој му се врти до 9.000 пати во минута ќе го натера на спринт до 100 km/h за 3,4 секунди и до максимални 315 km/h, што е идентично како и кај неговиот донатор.

И не само тоа – кругот на Нирбургринг ќе го одработи за време 7:04,511. Доказ дека е посериозен тркач од обичниот GT4 е и што нема задни бочни стакла кои им го отстапија местото на големите всисници за воздух. Тука е и за 22 kg помалата тежина како последица на употребата на карбон и дополнително олеснетата каросерија. Има и тркачко ослонување за 2,5 cm пониско и тркала со централна завртка, а новите дифузори и подесливите аеродинамични елементи донесуваат до 25% поголема сила на прилепување. Сето заедно пак цена од 141.338 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *