Tags: , ,
BMW ја купи Alpina, но само како марка (видео)

Почеток на нова ера или крај за Alpina?!

» Позното тјунерско име Alpina стана дел од BMW, но само како марка – баварскиот производител ја откупи од досегашниот сопственик, компанијата чиј полн назив е Alpina Burkard Bovensiepen GmbH + Co KG. Финансиските детали за трансферот не се објавени – место тоа и двете страни уверуваат дека Alpina ќе продолжи живее, барем до 2025 година до кога Минхен се обврза да ги користи нејзините развојни и производствени капацитети. Што ќе биде после тоа никој не знае, најмалку ентузијастите од баварското гратче Бухло, каде е седиштето на прочуената тјунерска куќа. Од таму неговите досегашни сопственици, семејството Бовензипен, порачува дека во иднина ќе продолжат да се занимаваат со класични автомобили, препуштајќи ја судбината на Alpina комплетно во рацете на челниците на BMW.

Оваа бизнис зделка можеби е изненадување бидејќи лани Alpina имаше една од најуспешните години испорачувајќи повеќе од 2.000 автомобили, но всушност и не е бидејќи електрификацијата со себе донесе тектонски пореметувања кои малите филигрански работилници нема да можат да ги пребродат. Треба да се спомене дека иако возилата на Alpina го носат амблемот на BMW, оваа компанија има статус на независен германски производител. Всушност имаше, сé досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *